odbojka (1)

На 9-ти април во 14 часот во новата сала на СОУ „Наум Наумовски-Борче„ Пробиштип, се одржа пријателски натпревар во одбојка помеѓу екипите на „Проволеј 05„ и „Тинволеј„ пионери.
Оваа активност се реализираше во рамките на програмата „Размислувај глобално-развивај локално„ и проектот „Социјална маркетинг кампања за јакнење на јавната свест за енергетска ефикасност помеѓу младите во општините Пробиштип и Кочани„ кој се спроведува во соработка на општините Пробиштип и Кочани. Проектот во општината Пробиштип се реализираше преку одделението за урбанизам, заштита на животната средина и локален економски развој.
Младите одбојкарки добија маички како награда за одиграниот натпревар од проектот за енергетска ефикасност.
Иако се уште се пионери во одбојката тие денес играа како вистински професионалци, под менторство на нивните тренери Југослав Јакимовски и Емил Спасовски.
Навистина прекрасен натпревар, а за во иднина на девојчињата им посакуваме да играат за репрезентација.

odbojka (2) odbojka (3) odbojka (4) odbojka (5)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009