“Slow Food” Пробиштип – конвивиум ОСОГОВО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ПЕ Пробиштип и АПРЗ Пробиштип, Ве покануваат на јавна трибина на тема “ПРИДОБИВКИТЕ ОД ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО”. Модератор на трибината е Страшко Милошевски.
На трибината свое излагање ќе имаат:
– Ранко Давитков – раководител на ПЕ во Пробиштип
– Горан Колев – дипл. земј. инг. – производител на органски производи.

Трибината ќе се одржи на 23.04.2015 (четврток) во 12:00 часот во округлата сала на Домот на културата во Пробиштип.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009