67922_4531459289209_266663549_n

Младата кошаркарка од Пробиштип, ученик во прва година на првата генерација во Академијата за кошарка и членка на КК „Јуниор“ од Скопје, Милена Илиевска од Агенцијата за млади и спорт доби Диплома „Спортска надеж“. Таа е првата спортистка од Пробиштип која има добиено ваква диплома.
На свеченост во МНТ во Скопје, од директорот на Агенцијата за млади и спорт, М-р Лазар Поповски сите ученици во спортската академија ја добија оваа диплома, преку која се стекнуваат со правото да се здобијат со стипендија од оваа агенција.
Целта на проектот „Академија за спорт“ е да се изберат најталентираните ученици за да се образуваат и оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати, да се подготвуваат од рана возраст, со знаење и квалитет, да бидат членови на националните спортски селекции за кошарка, фудбал, ракомет и тенис.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009