Градоначалниците на општините Пробиштип, Кочани и Чешиново-Облешево го посетија спомен-обележјето на Никола Карев во месноста Свиланово, с. Рајчани, по повод 109-годишнината од неговата смрт.
Градоначалниците на трите општини што гравитираат кон овој крај упатија пораки за мир и обединување – во духот на Крушевскиот манифест.
Тие најавија зафати со кои ќе го подобрат спомен-обележјето посветено на Карев и содржини што ќе привлечат повеќе туристи и излетници.