Денес во официјална работна посета на општина Пробиштип присуствуваше Заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски. Заменик министерот и градоначалникот на Општината, Тони Тоневски остварија средба на која се разговараше за моменталната состојба во Пробиштип, за локалните проблеми на граѓаните, за начините на нивно решавање и други актуелни прашања. По работната средба и по дадените изјави за медиумите Градоначалникот Тоневски на Заменик министерот Сајкоски му ги презентираше најкрупните проекти реализирани во претходниот период како и проектите кои се во фаза на реализација.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009