Известување од управата за хидрометеролошки работи за локално невреме (пороен дожд, ветер, грмежи и град).

Утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе има изолирана појава на поинтензивни процеси во вид на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град.
Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер којшто ќе услови пад на температурата за неколку степени.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009