Планинарското друштво “Плавица” – Пробиштип, учествуваше на Петровденскиот планинарски марш Пониква – Царев врв, кој беше организиран од страна на планинарското спортско друштво “Осогово” од Кочани.

Стартот на маршот беше од височините на Пониква која се наоѓа на надморска височина од 1580м од каде пробиштипските планинари заедно со останатите учесници од повеќе планинарски друштва го освоија Царев врв висок 2085м.

Патеката вo двата правца беше околу 40 километри, а маршот беше завршен во мотелот “Мице” со дружба и планинарско гравче.

plavicaspd1


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009