Во организација на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ од Пробиштип, седма година по ред на градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски„ во Пробиштип ја организираше манифестација „Пифтијада“. Од година во година оваа манифестација привлекува се повеќе интерес, а како што велат од Унијата на жени дека токму и тоа е целта, оваа манифестација да прерасне во една убава традиција и верскиот празник Водици заедно со традиционалното капење на младоженците во водите на Злетовска Река и Аква паркот, да се одбележи со низа на активности, а секако централна манифестација би била токму пивтијадата.

И годинава имаше богата понуда на пифтии и на погачи, кои ги делеа претставничките од Унијата на жени при ВМРО – ДПМНЕ, честитајќи им го овој убав верски празник на своите сограѓани.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009