paul-van-dyk

За љубителите на врвната електронска музика Аква Парк Фест најавува исклучително посебна ноќ! Легендарниот диџеј и продуцент ПОЛ ВАН ДАЈК (PAUL VAN DYK), човекот кој светски реномираниот „DJ Magazin“ два пати го прогласи за број еден помеѓу 100те најдобри диџеи на свет ќе настапи на Аква Парк Фест. Еден од првите супер-стар диџеи, денес е еден од најзначајните луѓе во историјата на електронската денс музика со шест студиски албуми продадени во повеќе од 4.5 милиони примероци. На Аква Парк Фест тој со својот лајв настап ќе ја претстави чудесната мултижанровска подиумска музика со спектакуларно затворање на фестивалот.

Пол Ван Дајк започна како транс диџеј, но денес својот жанр едноставно го дефиниракако „електронска денс музика“. Овој исклучително талентиран музичар, но и борец против сиромаштијата и истакнат активист, присутен е на сцената повеќе од 20 години во кои постигна небројани успеси. Од 1999 година па наваму скоро секоја година добива награди за најдобар албум, сингл, диџеј, продуцент итн. Неговиот албум од 2004 „Reflections“ беше првиот номиниран албум во ново воведената категорија на Греми наградите „најдобар денс/електронски албум“. Познат е и по соработките со бројни светски ѕвезди како Депеш Мод (Depeche Mode), Бритни Спирс (Britney Spears), Дејвид Брн (David Byrne), Мадона (Madonna), Ју-ту (U2) и Џастин Тимберлејк (Justin Timberlake), а секогаш запаметен ќе остане неговиот настап за новогодишната вечер во 2009 година кога неговиот фуриозен сет го проследија повеќе од милион луѓе во Рио де Жанеиро.
По албумот од 2007 година „In Between“, кој според сите диџејски листи беше рангиран на првото место, Пол Ван Дајк во 2012 приреди амбициозно враќање со новиот албум „Evolution“ кој како што најавуваше и самиот наслов, донесе нови промени во денс културата и вистинска еволуција во поглед на самата електронска музичка сцена. Во ова извонредно издание ќе имаме прилика да уживаме и на АкваПарк Фест, кој е посебна прилика и по фактот дека од годинашната турнеја на овој артист, Аква Парк Фест е една од само трите европски дестинации до сега.

pvd


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009