Во паркот пред градскиот пазар во Пробиштип кој воедно е именувам и како „Парк на младенците“ беа засадени повеќе садници рози.
Во акцијата учествуваа 40 брачни парови од општината Пробиштип кои минатата 2014 година и до 20 март 2015 година склучиле брак.
На манифестацијата присуствуваа Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

[fbalbum url=https://www.facebook.com/media/set/?set=a.916303641745542.1073741846.143371009038813&type=3]


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009