kancelarija1

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип во саботата отвори канцеларија за комуникација со граѓаните која се наоѓа во центарот на градот спроти стоковната куќа Типо веднаш до аптеката Алтеа. На отварањето присуствуваа поголем број на членови и симпатизери од политичката партија. Канцеларијата беше отворена од страна на кандидатот за Градоначалник Тони Тоневски каде се обрати на присутните дека оваа Канцеларија е отворена за комуникација со сите граѓани каде ќе можат да ги кажуваат своите мислења и идеи. Кандидатот за градоначалник од Тони Тоневски ја побара довербата од пробиштипјани.
-Во изминативе 4 години реализиравме повеќе проекти кои беа ветени во изборната програма. Работевме согласно концептот на ВМРО-ДПМНЕ посветено, доследно, лојално, чесно, отчетно и домаќински во реализација на проектите ветени во изборната програма. Тие проекти произлегоа од вас граѓаните, рече Тоневски.
Тој ја претстави и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година за подобра општина Пробиштип во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна деловна клима, решавање на комуналните и инфраструктурните проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, култура, спорт како и транспарентна и ефикасна работа на општината и на јавната администрација.
Канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе биде отворена, ќе работи со зголемена динамика се со цел да се излезе во пресрет на сите што ќе им биде потребна.

kancelarija2 kancelarija3

kancelarija4


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009