Во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ која се спроведува во партнерство со фондацијата Т-мобиле за Македонија чија цел е да се поттикне развојот на децата во првите пет години од животот, особено на децата од рурални и маргинализирани средини во с.Ратавица се отвори Центар за ран детски развој. Со донација од Уницеф училишната просторија во Подрачното училиште во с.Ратавица се опреми со мебел, играчки едукативен материјал, а општина Пробиштип го обезбеди просторот и тековните трошоци за одржување на центарот.
На децата од населените рурални места Драч, Бунеш и Ратавица на возраст од 3-6 години им се овозможи да добијат еднакви можности да посетуваат квалитетни програми за ран детски развој како и нивните врсници кои живеат во Пробиштип.
Центарот свечено беше отворен од страна на Градоначалникот Тони Тоневски, Претставникот на Уницеф Бертран Демулен и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

centar_ran_detski_razvoj2 centar_ran_detski_razvoj3 centar_ran_detski_razvoj4 centar_ran_detski_razvoj5 centar_ran_detski_razvoj6


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009