Според светото предание Св. Јован и Исус биле блиски роднини, зашто мајката на Св. Јован Елисавета и била тетка на Марија, мајката на Исуса. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус. Тој бил господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто се уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод и вети на танчерката дека ќе и даде се што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка и, Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија.

Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа.

Денешниот ден е ден на строг пост за христијаните.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009