Во кружната сала на Домот на култура „Злетовски рудар“, во присуство на вљубениците на убавата песна се одржа првиот договорен состанок за започнување со работа на младински градски хор. Под диригентска палка на Лазе Аврамовски, градскиот хор ќе третира современи музички теми, односно познати музички теми, но изведни на неконвенционален начин, по кој овој хор претендира не само да биде различен од сите други, туку и да биде единствен со што на еден уникатен начин ќе ја претставува Општина Пробиштип во рамки на општинските манифестации, но и надвор од границите на општината и од државата. Генерален покровител на хорот е Општина Пробиштип.
Градскиот хор со проби ќе започне на ден 20.02.2014 година во 15 часот во просториите на кружната сала на Домот на култура. Сите заинтересирани можат да дојдат и да бидат дел од овој убав проект или да се јават во Општина Пробиштип на тел: 483 131, локал 107, каде ќе ги добијат сите барани информации.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009