Пробиштипската општинска администрација ќе се сели во нова зграда. Објектот каде што сега е сместен домот на култура „Злетовски рудар“, ќе биде новото место од каде што граѓаните ќе може да добиваат услуги.

Избран е изведувач на проектот и во моментот се работи на подготовка на техничката документација.

Планот е вработените во Домот на културата да се преселат во новата реконструирана кино сала, со што сите културни работници ќе бидат на едно место.

Постоечката зграда, во која сега функционира локалната самоуправа на Пробиштип, ќе биде отстапена и преадаптирана за потребите на подрачните одделенија на министерствата.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009