Општина Пробиштип, преку проектот „Гласот на родителот“ ќе ја прави стратегијата за образование. Раде Илиевски, раководител на Одделението за јавни дејности во општината, вели дека изминатиот период ги анкетирале родителите, какви проблеми гледаат во училиштата, но и истите да дадат идеи со цел да се реализираат во рамките на општината.

Родителите дале добри идеи за дополнителни активности на учениците во рамките на училиштата, а проектот ќе биде презентиран наредната недела. Ова е проект кој прво се реализирал во општина Карпош, по што сега и Пробиштип. Од Пробиштип само тројца наставници потфрлиле на екстерното тестирање.

Превземено од Ирис ТВ


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009