Во рамките на мрежата на еко-училишта раководени од Минитсерството за образование и наука и Здружението ОХО, Општинското основно училиште ,,Никола Карев,, – Пробиштип кое e добитеник на највиското еко-признание Зелено знаме го реализира проектот за поставување на уште 2 (два) сончеви колектори со кој ке се заштеди електрична енергија во делот на загреавањето на водата во училишниот базен. Во рамките на овој проект се реализираа работилници за презентации за користење на обновливите извори на енергија, како и Литературен конкурс за потребите од користење на обновливите извори. Преку овие активности се опфатија околу 120 ученици. Во сите овие активности активно учество имаше Еко-одборот, родителите, локалната самоуправа и сл.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009