Пробиштипските одбојкари се веќе со една нога финале на националниот одбојкарски куп, совладувајќи го домаќинот Сушево со максимален резултат од 0:3 на гостински терен. Домаќинот успеа да ја закомпликува ситуацијата само во вториот сет но гостите останаа присебни покрај одличната атмосфера од страна на публиката добивајќи го сетот на разлика 29:27. Во третиот сет комплетна доминација па така шанса добија и помладите одбојкари од клупата за резерви.
Одбојкарскиот клуб е веќе со една нога во финале на купот но тоа мора да го потврди и во реваншот на домашен терен кој се игра на 26 Март во Пробиштип.
Во другото полуфинале фаворитот на хартија Струмица се намачи стигнувајќи до победа од 3:2 против Крушевски Синалко.
Веќе викендот се игра и последното коло од регуларниот дел од сезоната каде што Пробиштипскиот состав гостува во Штип кај екипата на Мавис, при што ќе се знаат многу работи во однос напоставеноста на табелата.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009