Дебитантот ОК “ПРОБИШТИП” ја пречекува Тетовска Шкендија во 4 коло од машкиот одбојкарски шампионат. И двете екипи влегуваат крајно мотивирани за освојување на трите бода.

Дебитантот влегува по победата над Лирија во претходното коло а пак Шкендија совладувајќи го фаворитот Вардар на домашен терен покажува дека е екипа за респект и најавува дека ќе ги бара бодовите и во Пробиштип.Во Пробиштип веќе два пати се покажа дека градот живее за одбојката наполнувајќи ја салата до полн капацитет. Затоа ги покануваме сите љубители на спортот во Сабота 09.11.13 со почеток од 14 часот во спортската сала “Софија Петрова” масовно во што поголем број да им дадеме неизмерна подршка на нашите одбојкари во освојување на нови бодови.

ОК ПРОБИШТИП – ОК Шкендија

Сабота 09.11.13
сала:Софија Петровска
Почетoк: 14:00


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009