Врз основа на донесениот заклучок на советот на општина Пробиштип претседателот на локалниот совет за превенција, градоначалникот Тони Тоневски ја одржа петтата седница со цел да се анализира и согледа состојбата на девијантното однесување на малолетниците во општина Пробиштип со посебен акцент на точење на алкохол и конзумирање на други недозволени психотропни супстанци и присутност на малолетниците во угостителските објекти. За состојбата на малолетничкото девијантно однесување на подрачјето на општина Пробиштип се обрати Командирот на ПС Пробиштип Кире Митевски за обележјата на девијантното однесување и казнените мерки по тие основи се обрати Јавниот обинител од Основното јавно обвинителство Штип Јован Ѓурков и за улогата на центарот за социјална работа во постапката при појавата на лица со девијантно однесување се обрати директорката на ЦСР Анета Томева.
На седницата присуствуваа членовите на ЛСП, претставници од СВР Штип, ПС Пробиштип, СГГ, Трудовиот и Пазарниот инспекторат, претставници од Здравствениот дом„Нада Михајлова“Пробиштип, претставници од ЦСР, претставници од основните училишта и средното општинско училиште, советот на родители, наставнички совет, ученички заедници, НВО, Советот на млади во општина Пробиштип.
На крајот од седницата произлегоа неколку заклучоци се со цел да се преземат мерки на сите нивоа за едуцирање на малолетниците за вечерните излегувања, а родителите преку советот на родители поактивно да се вклучат во креирањето на јавниот живот на малолетниците.

lsp00002 lsp00003 lsp00004 lsp00005 lsp00007


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009