На ден 11.04.2014 (петок) во округлата сала во Домот на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип беше одржана јавна дебата за Програмата за ресоцијализација и реинтеграција на жртвите на трговија со луѓе и Програмата за реинтеграција на деца жртви на трговија со луѓе со кои се заокружи рамката за ефикасна реинтеграција на жртвите на трговија со луѓе. Присутни на јавната дебата беа членовите на Локалното координативно тело за социјална заштита, членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Пробиштип и претставници од релевантните институции од здравството, образованието, полицијата, од Центарот за социјална работа и од локалната самоуправа. На овој настан се дискутираше за услугите и помошта за реинтеграција кои треба да се достапни за жртвите од областа на: транспорт и безбедност, сместување-домување, здравствена заштита, правна помош, социјална заштита, образование и економска поддршка/вработување, како и за надлежните институции во нивно обезбедување. Како гости предавачи на овој настан беа: Професорката од Филозовскиот факултет, Институт за социјална работа и социјална политика Г-ѓа Сунчица Димитриевска, Државниот советник на секторот за еднкви можности од Министерството за труд и социјална политика Г-ѓа Елена Гроздановска и Г-ѓа Санија Бурагева од НВО „Еднаков пристап“.

trgovija2


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009