Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-ти Декември беше одбележан во Домот на културата “Злетовски рудар”- Пробиштип. Овој настан започна со поздравното мото – Биди со мене, не се обидувај да ми бидеш пријател, јас заслужувам повеќе од тоа. Запознај ме, почитувај ме, зашто почитувањето претпочита еднаквост. Не зборувај, не поправај ме и води ме. Не работи на мене, работи заедно со мене.
Денешниот настан беше одбележан преку преку активности од забавен карактер каде земаа учество децата од детската градинка “Гоце Делчев”, балетското студио Диви Рози и играорната група при Дом на култура “Злетовски Рудар”-Пробиштип. Со свое присуство не удостоија и Градоначалникот г-дин Тони Тоневски, Пратеникот во Собранието на РМ г-дин Емил Димитриев, советници, раководители, претставници од институции, сопственици на фирми, родители и други гости.
Овие лица секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот. Токму затоа ние имаме должност да создаваме услови и да работиме на подобрување на нивните животи, да им ги доближиме на децата со посебни потреби убавите работи, за да тие би се почувствувале како еднакви и рамноправни членови на нашата заедница, изјави Градоначалникот Тоневски.
На крајот од настанот децата беа пријатно изненадени од подароците кои беа наменети за нив. Присутните гости можеа да ги видат изработките од децата од дневниот центар да ги разгледаат и да купат некоја од нив.

3-Dekemvri00001 3-Dekemvri00002 3-Dekemvri00003 3-Dekemvri00004 3-Dekemvri00005


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009