3april

Во организација на Општинската организација на резервни офицери на РМ – Пробиштип, која овој датум го прогласи и за ден на организацијата, а под покровителство на Општина Пробиштип се одржа пригодна манифестација на спомен-паркот “Братство единство”, каде на споменикот на паднатите борци свежо цвеќе положија делегација на Советот на општина Пробиштип, делегација на Општинската организација на резервни офицери од Пробиштип, Делегација на Сојуз на борци на општина Пробиштип и делегации на политичките партии од нашата општина. Цвеќиња положија и голем број на присутни гости од Сојузот на борци од соседните општини.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009