За Денот на општината, 28ми Август, Ден на рударите и патрон на Општината, Пробиштип ќе добие нов, современ градски пазар. По едногодишна изградба овој значаен објект е целосно завршен. Објектот се протега на површина од околу 8000 метри квадратни, од кои една третина ќе биде затворен дел во кој ќе се нудат производи кои се предвидени по хасап систем и текстил, а останатиот дел ќе биде наменет градинарски и овошни производи. Локацијата за новиот градски пазар е на влезот во градот до регионалниот пат Пробиштип -Кратово со што располага со пристапен пат за дотур и транспорт на производите кои ќе се нудат. Оваа инвестиција е целосно реализирана од буџетот на општина Пробиштип со вкупна вредност од околу 56 милиони денари. Сегашната локација на која моментално се наоѓа стариот градски пазар не ги задоволува ниту најелементарните стандарди за продажба на произоди од животинско и растително потекло, па така со изградбата и ставањето во функција на новиот градски пазар, граѓаните и трговците ќе добијат простор кој ќе ги задоволи потребите на двете страни.

IMG_0037 IMG_0039 IMG_0041 IMG_0074


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009