Наскоро ќе бидат пуштени два тениски терени во Пробиштип, кои се во завршна фаза од изградбата. Терените се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт. Со изградба на игралиштата во Пробиштип ќе се дооформува спортско-рекреативниот центар.

Најчести корисници на повеќенаменското игралиште во Пробиштип се младите, а за децата постои детско забавно игралиште. Со изградбата на тениските игралишта пробиштипјани ќе имаат терен и за овој спорт. Ова е прво поголемо игралиште од ваков тип во овој дел на градот, со што ќе им се обезбеди можност на многу млади да спортуваат.

Ќе претставува вистински спортски комплекс во кој граѓаните, а пред се младите, ќе можат интензивно да го развиваат спортскиот дух и адекватно да го надградуваат својот спортски талент.

Канал плус


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009