OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На ден 21.02.2013 година во просториите на библиотеката во Соу ,,Наум Наумовски Борче ,, – Пробиштип се одржа школски натпревар на средните училишта за
НАНОМАТЕРИЈАЛИ – МАТЕРИЈАЛИ НА ИДНИНАТА во организација на Технолошко -металуршки факултет под покровителство на Министерот за Образование и наука на Р.Македонија. Комисијата ја сочинуваа професори од Технолошко – металуршкиот факултет – Перица Пауновиќ, Мирко Маринковски, Билјана Анѓушева и професори од нашето училиште Чедомир Крстев и Панче Петрушевски.
Ментори на училишните тимови од нашето училиште беа: Јовева Македонка и Насевска Снежана. Учениците кои го освоија прво место ги следува парична награда од 6000 денари и учество на републички натпревар во Охрид кој ќе биде дополнително организиран од страна на факултетот. Учениците кои го освоија второто место ги следува парична награда од 4000 денари. И учениците кои го освоија третото место ги следува парична награда од 2000 денари.По извршеното презентирање од страна на тимовите од средното училиште, и сумирање на резултатите од бодирањето, комисијата го донесе следниот заклучок:
Прво место зедоа учениците од четврта година – Влатко Каранфиловски и Елена Јовева со освоени 181 поени;
Второ место зедоа учениците од втора година – Јована Божинова Драган Стојановски и Филип Николовски со освоени 177 поени;
Трето место зедоа учениците од трета година – Сандра Миладинова и Бојана Цветановска со освоени 176 поени;

OLYMPUS DIGITAL CAMERA OLYMPUS DIGITAL CAMERA OLYMPUS DIGITAL CAMERA OLYMPUS DIGITAL CAMERA


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009