tarc-1-

Празник во домот на Јохан и Соња Тарчуловски. Фамилијата ги брои часовите кога ќе го прегрнат зетот и таткото. По цели осум години со зетот ќе седнат да се напијат кафе и низ шала бабата и дедото раскажуваат „па и да му по досаѓаме малку на зетот“. Годишните молитви денеска им се исполни ја, семејството повторно да биде заедно. Најсреќна е ќерката на Јохан Мелани.

„Ќе му кажам тато те сакам, многу ми фалиш“, раскажа малата Мелани.

Помалиот син Младен беше во градинка. Тој утринава прашал дали тато ќе го земе. Во домот бабата и дедето ха Јохан главни за подготовките, Мирисот на печено месо се чувствуваше. Се најубаво и највкусно за зетот. Од пиле млеко за нашиот син.

„Па има месо, салати и секако винце, ракиичка“, вели Деса Величкова, баба на Јохан Тарчуловски.

„Како син ми е. Среќен сум што по толку години ќе си бидат заедно“, раскажа Бранко Величков, дедо на Јохан Тарчуловски.

Најголемата поддршка осум години Соња ги добивала од родителите.

„Не беше лесно. Но, еве за тоа што се молевме сега се радуваме. Детето се врати дома“, раскажа Деса.

Семејството остана да го чека зетот. Среќни што оваа година за велигден сите заедно ќе им дојдат на гости во Пробиштип.

(Превземено од Канал 5)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009