narodna-tehnika (5)

Во саботата во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип се одржа 50 – тиот јубилеен републички натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

Во организација на Народна техника на Македонија, Сојуз на клубовите на младите техничари и природници на Македонија и Народна техника на Пробиштип, а под покровителство на Општина Пробиштип, односно првиот човек на општината, градоначалникот Тони Тоневски во присуство од над 300 ученика, учесници на натпреварот во дворот на училиштето имаше свечено отворање на натпреварите. Присутните ги поздравија Директорката на училиштето, домаќин, Претседателот на сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Градоначалникот на општина Пробиштип. Потоа учениците кои што се натпреваруваа во 23 области заедно со нивните ментори се повлекоа во училишниот простор, каде што ова училиште дава идеални услови за одвивање на вакви или слични натпревари. Освен училниците на располагање на натпреварувачите и беше отстапен и затворениот базен каде можеа да се видат интересни макети. Воопшто натпреварите од ваков вид се мошне интересни од причина што на лице место се гледа креативноста и умешноста на самите натпреварувачи, кои до републичкиот натпревар дојдоа преку голема селекција направена од преку 1 500 ученика. Се на се еден мошне интересен настан со кој во Пробиштип дојдоа преку 500 лица и кои од Пробиштип си заминаа со мошне убави впечатоци. Многумина од нив се закитија и со награди кои ќе им послужат за да се стекнат со правото на стипендија од страна на Министерството за образование и наука.

 narodna-tehnika (1) narodna-tehnika (2) narodna-tehnika (3) narodna-tehnika (4) narodna-tehnika (6) narodna-tehnika (7)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009