Кандидатот  за градоначалник Тони Тоневски  и Носителот на советничката листа Ранко Давитков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата за Подобра Македонија во придружба на група кандидати за советници  вчера одржаа мини митинг во Злетово. Тоневски ја промовираше изборната програма за локалните избори 2013-2017 година, предвидените 164 нови проекти со точни рокови на реализација со точна финансиска конструкција, проекти зад кои стои Владата на РМ кои за четири години ќе бидат реалност. Предвидено е и изработка на Стратегија за привлекување на инвеститори, довршување на  постоечката индустриска зона со комплетна инфраструктура, поставување на нов асфалтен слој, инсталирање на водовод и канализација, енергетско ефикасни светилки, донесување на нови детални урбанистички планови. На митингот присуствуваше и пратеникот во собранието на РМ г-дин Владимир Ѓорчев.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009