Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (26.6.2013 година) ќе престојува во работна посета на Пробиштип, каде ќе оствари средба со градоначалникот, Тони Тоневски.
Во рамките на престојот на Пробиштип, Канческа-Милевска и Тоневски, предвидено е да ги посетат Домот на културата и кино салата во овој град, каде што во изминатиот период целосно беше реконструирана надворешноста на овој објект за чие фунционирање е обезбеден и дигитален кино проектор.
Канческа-Милевска и Тоневски ќе ја посетат и локацијата каде се гради новата музејска зграда во која предвидено e да биде сместена богатата минеролошка збирка од овој регион.