hs zletovica

Управниот Одбор на Јавното Претпријатие ХС Злетовица за вршител на должноста Директор на ова јавно претпријатие, со седиште во Пробиштип, го именува Михаил Цветков – 1954, дипломиран машински инженер од Кратово, кој од денес и го презеде управувањето во ова Јавно Претпријатие, основано од Владата на Република Македонија.
Деновиве, поради заминување во пензија, директорската функција во Злетовица ја напушти Стојан Миланов.
Функцијата ВД Директор, Михаил Цветков, ќе ја извршува до завршувањето на локалните избори, кога ќе биде распишан оглас за избор на директор во ЈП ХС Злетовица.

Т.С.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009