На 25. 12. 2013 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници и еромонаси од Брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на хорот при храмот Успение на Пресвета Богородица од Пробиштип, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб.

За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009