Љубен Димкаровски, нашинец, професор, музиколог во Љубљана, пред пробиштипјани свиреше на несекојдневен инструмент, стар околу 60 илјади години.

ljuben-dimkarovski

Пробиштипјани, за празникот на градот, имаа ретка можност да присуствуваат на еден несекојденевен музички настан, гостувањето на музичката група ,,Пела,, чии членови иако живеат и работат во Република Словенија негуваат репертоар во кој е застапен македонскиот фолклор. Раководител на квартетот ,,Пела,, е професорот по музикологија, Љубен Димкаровски, наш иселеник, кој повеќе од 30 години работи и живее во Словенија.

-Потребата да свирам и пејам на мојот мајчин македонски јазик ме доведе до тоа да формирам македонска група. Настапувавме исклучиво со македонска музика, изведувана на еден поинаков начин, во 4 и повеќегласна изведувачка форма, што е реткост не само за публиката во Словенија туку и воопшто овде во Македонија.

Нашата работа таму беше прифатена од самиот почеток. Ангажирани сме постојано. Имаме конкретна цел. Во групата има место кои мораат да дадат комплетен придонес. Место за формалисти нема.
Основната цел е да го постигнеме културниот придонес. Во друштвото, покрај музичката, постои ликовна и литературна секција во која се негува нашата македонска проза и поезија. Кога сме подготвени организираме целовечерни концерти со поетски и музички дел. Ова ќе го поткрепам со еден податок. Само со музичката секција, квартетот Пела, за пет години имаме реализирано 580 концерти одржани како на територијата на Словенија така и на просторот на цела Европа – Германија, Италија, Шпанија, а на пролет се подготвуваме за настап во Кина.
Записите кои ги имам за музиката, студентите на музичката академија и на филозофскиот факултет за етно музикологија, прават семинарска работа за нашата македонска музика. На овој начин ми успеа македонската музика, мелодија и ритмови да ги доведам во високошколските установи. Јас како професор сум често покануван како гост на филозовскиот факултет и на музичката академија каде нудам одговор што е тоа што ја прави македонската мелодија и музика поинаква, повозвишена од останатите комшиски народи.
Темелите ги барам уште во антиката. ако нашиот симбол знамето е денеска сонце, ако Македонците граделе амфитеатри и ако ден денеска нашите танци се со симбол на сонцето, значи орото го играме во круг, тогаш имаме еден добар темел да зборуваме за една голема и значајна цивилизација која на сите подрачја во својата симболика и во изразот во музиката каде го користеле токму кругот како нај исполнето геометриско тело или како стар запис на звезда.

Кога дојдов до овие спознанија самиот се одлучив да тргнам како ветеник по патот на звукот.
Со ова сакав да придонесам во негувањето и афирмацијата на нашата национална музичка ризница која изобилува со огромно богатство. Со овој мој ангажман сакав да додадам допринос со уште едно камче кое ќе остави препознатлив белег и трага за идните наши македонски генерации, изјави професорот Љубен Димкаровски за општинскиот весник во Пробиштип.
Пред пробиштипјани Димкаровски свиреше на мошне необичен, и како што дознавме, единствен и по многу нешто посебен музички инструмент. Копија на мошне стар инструмент, кој го користеле праисториски луѓе во пештерата ,,Диви баби,, во близина на словенечкиот град Церкно.
Морам да кажам дека на некој начин ми беше и предодредено овој инструмент да го држам токму во моите раце. Станува збор за најстар инструмент за кој знае човештвото. Неговата старост се проценува на околу 60 илјади години .

До него дојдов на многу интересен начин. Бидејќи сум голем љубител на каменот и изработувам минијатури во камен со големина до 4 сантиметри. Во природни научниот музеј во Љубљана ме поканија кога се организираше изложба на дијаманти. Бев поканет да ги изложам и моите камења. Им реков дека со вредноста моите камења не спаѓаат меѓу тие скапоцености. Но, ми одговорија дека кога каменот ќе мине низ моите раце тој добива голема вредност и така ме поканија да учествувам на изложбата. Тогаш изложував со едно ангелче, кое беше големо колку ноктот на малиот прст. Се случи чудо. Тоа ангелче ми отвори пат, по што ме поканија да организирам сопствена самостојна изложба на кој изложив околу стотина експонати.
Мe прашавте за инструментот со кој настапувам на концертите. Оригиналот е изработен од лева натколеница од млада пештерска мечка,која е изумрена пред околу 30.000 години. Пронајдена е во Словенија во близина на Церкно, во месноста Шчебрение во пештерата Диви баби, која е на надморска висина од 370 метри. Во нејзината внатрешност се пронајдени повеќе десетици изумрени млади мечки . Во внатрешноста на пештерата се откриени и 26 огништа, кое нешто говори дека во внатрешноста на пештерата престојувал и човек. Овој инструмент е единствен зачуван примерок од времето на неандерталецот, кој не е поврзан со нивната постојана потрага по храна за опстанок туку е поврзан со нивната потреба за секојдневна комуникација и искажување на нивната внатрешна потреба од размена на мисли, чувства и договарања и друг вид на умствени потреби. За да биде овој факт уште позначаен треба да се знае дека ова откритие на пештерски човек во пештерата Диви баби е постар за околу еден и пол пат повеќе од откриените пештерски луѓе во пештерата Алтамира во Франција, односно Алтамира е стара 24 илјади е додека Диви баби е стара 64 илјади години.
Сознанијата до кои дојдов се интересни и од медицинска гледна точка, бидејќи дојдов до сознание дека инструменталистот кој го користел овој инструмент свирел со десна рака. Што значи ја користел левата мозочна хемисфера. А треба да се знае дека левата мозочна хемисфера е местото на звукот и зборот. Со ваквото сознание се отвора едно огромно подрачје и во медицината.
Инструментот е долг 11,5 сантиметри а на него можам да отсвирам онолку колку што може да отсвири и флејтата.
Ова само по себе зборува дека потребите на неандерталецот биле многу поголеми одколку што ние си претставуваме денес. Во стварноста цивилизациски сме склони да негираме се што не ни е доволно познато.

Овој инструмент го нареков тидл ди пап , тур ибн Димкаровски Љубен ди пап, додека во Словенија едноставно е наречен неандерталско пишлало. Тоа за мене не значеше ништо, бидејќи во словенечкиот јазик за ваков инструмент постојат воопштени изрази како за збир од инструменти кои не се дораснати на другите музички инструменти, па затоа и се наречени пискала, односно на нив наместо да се свири се писка. Но, јас овој инструмент го доведов до степен на класичните инструменти, така што тој има три отвора на горната и еден на долната страна на кој се свири со дланката од десната рака. Пред половина година во директен контакт со оригиналот, кој се чува во Музејот во Љубљана, го открив и осум милиметарскиот раб по кој влегувал воздухот во инструментот и звучните бранови кои се создавале, со што ја докажав и брзината на брановите со кои се движеле низ инструментот.
Овој инструмент, со кој сега музицирам, го имам од 2009 година. Предавам за него на 7 светски универзитети. Почнав како гостин професор и секаде каде што престојувам луѓето се воодушевени. Во стварноста јас повторно ја доживувам сликата која ја доживеав пред 3 години. Моето воодушевување беше слично какво што е и чувството на публиката. Инаку вежбам многу во природа и забележувам дека кога свирам на овој инструмент животните ми се доближуваат. Поседувам и снимен видео материјал, на кој се гледа кога свирам ми се доближуваат срните. Уште не ми е доволно познато која е причината, но веројатно ги мамат вибрациите на звукот кој произлегува од мојот инструмент. Тоа се случува и со козите и со овците, фазани.
-Не се работи нешто ново, како за моментално сознание, туку за нешто што ние го носиме со себе и ќе го препознаеме во даден момент, односно се работи за нешто што не си го учел а го знаеш.
Јас како професор сум често покануван како гост на филозофскиот факултет и на музичката академија каде нудам одговор што е тоа што ја прави македонската мелодија и музика поинаква, повозвишена од останатите комшиски народи.

Темелите ги барам уште во антиката. Ако нашиот симбол знамето е денеска сонце ако Македонците граделе амфитеатри и ако ден денеска нашите танци се со симбол на сонцето, значи орото го играме во круг тогаш имаме еден добар темел да зборуваме за една голема и значајна цивилизација која на сите подрачја во својата симболика и во изразот во музиката го користеле токму кругот како најисполнето геометриско тело или како стар запис на ѕвезда.
Кога дојдов до овие спознанија самиот се одлучив да тргнам како ветеник по патот на звукот.
Имам голем број на музички настапи и сум многу благодарен што ми посветуваат големо внимание.

Еве ми беше посветено внимание и во вашиот град, во Пробиштип. Досега низ Пробиштип бев само на минување кон манастирот во селото Лесново, а еве сега имав можност малку повеќе да бидам со луѓето од градот. Навистина ми беше задоволство да свирам пред пробиштипјани. Луѓето знаат да препознаат што е уметност која се негувала со илјадници години. Имав малку време да се дружам и со ваши сограѓани. Остварив и неколку пријателства . Тоа ќе биде доволен мотив да се вратам повторно во вашиот град и да се дружиме на некои идни вакви музички средби, додаде на заминување господинот Димкаровски.

Трајче Строимановски


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009