Една од најтрактивните српски диџејки Локо Бејби, во рамките на својата балканска турнеја ќе го посети и Аква паркот во Пробиштип.
Девојката која ги крши подиумите низ Балканот, гостува во “Аква парк” во Пробиштип во сабота, на 17 август, од 21:30 часот. Традиционално, како и на секоја забава во “Аква парк”, очекувајте ноќно капење и користење на тобоганите. Билетите во предпродажба чинат 100 денари, а пред самиот настан ќе бидат 150.
Ланската сезона Локо Бејби беше број еден резидент диџеј во познатиот белградски клуб “Тјуб”, а преклани влезе во топ 5 листата на најбарани женски диџејки на Балканот. Ланското лето, нејзината слава се прошири во клубот “Спејс” на шпанскиот остров Менорка, а годинава беше ангажирана на Ибица, на Плаја де Боса. Нејзиниот музички жанр е техно и хаус.