Одбојкарската екипа на Пробиштип продолжува со одличните игри врзувајќи ја третата по ред победа во низа. Противник беше екипата на Лирија од Жеровјане која ни во еден миг не успеа да даде отпор на гостите кои доминираа одлично на теренот (14:25,14:25,13:25), па така тренерот Јосифов имаше прилика да им пружи шанса и на помладите играчи од клупата. Најефикасен на теренот беше Мијалковски со 20 поени по него следуваат Андовски со 13 и Гинов со 12 поени.

Со оваа победа Пробиштип се зацврстува на четвртата позиција која сигурно води во плеј офот, а возбудувањата продолжуваат веќе следниот викенд каде во Пробиштип гостува екипата на Сушево.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009