Жедни во лето се жителите на пробиштипското село Лесново. Имаат три водовода, но вода во чешмите нема. Најтешко им е во лето кога секнуваат и природните извори. Оваа наша мака е веќе 4 години откако не исклучија од кратовскиот водовод. Овде претежно живеат стари лица и мака мачат со вода, а и за животните нема каде да се напојат, вели Зоран Петров, претседател на МЗ Лесново. Во Лесново живеат 40-тина жители, но нивната мака без вода е голема. Катерина Петрова има 91 година а вода на селската чешма полни капка по капка. Инаку, вода во Лесново жителите добиваат во цистерни.

Од општина Пробиштип велат дека работат на решавање на проблемот. Причината што Лесново нема вода во летните месеци е конфигурацијата на теренот, но и недоразбирањето што пред 4 години им ја секна водата од кратовскиот водовод.

Немањето вода во Лесново во летните месеци е лоша порака за туристите, затоа жителите бараат општина Пробиштип итно да им го реши проблемот.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009