Општина Пробиштип најавува голем спектакуларен концерт на непоправливиот романтичар, Владо Јаневски. Градскиот плоштад во Пробиштип ќе биде местото каде Владо ќе ги собере своите фанови, на 28 Август, денот на општина Пробиштип.

Владо е можеби најтаинствениот естраден лик, но по многу нешта е уникатен и има публика која со душа чека да го чуе неговиот богат музички дневник, и тоа од “Булки”, преку “Не зори, зоро”, “Кој е крив”, “Што и да е ќе помине”, “Две души и месечина”, но и “Нусе”, “Мучо денаро”…

Ноќ на емоции, забава, дружење, насмеани лица, разиграни души, романтика, уживање…..и секако незаборавен спектакл со НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА ЅВЕЗДА !!!


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009