Konstitutivna sednica 2013 (1)

Денес со почеток во 12:00 часот во просториите на Домот на културата Пробиштип беше одржана првата конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип со следниот дневен ред:

1. Усвојување на Деловникот за работа на Советот на првата конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип;
2. Конституирање на Советот на општина Пробиштип:
-Формирање на Верификациона Комисија;
-Верификација на мандатите на членовите на Совет на општина Пробиштип;
3. Избор на Претседател на Советот на општина Пробиштип;
-Формирање на Кандациона Комисија;
4. Формирање на Комисија за мандатни прашања, избори и именување и
5. Овластување на членови на Советот за склучување на бракови на територијата на општина Пробиштип;

Со првата седница до изборот на Претседателот претседаваше најстариот присутен член на Советот Миле Моневски.
Верификационата Комисија составена од Елизабета Мијалчева-претседател со членовите Марјан Митевски и Тања Гацовска врз основа на известувањето на Општинската изборна комисија, доставените уверенија од страна на членовите на Советот за нивниот избор и утврдување на нивниот идентитет поднесе Извештај до Советот со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Пробиштип и тоа на:Ранко Давитков, Игор Манасов, Даниела Стојанова, Сашо Наневски, Миле Моневски, Маргарета Ангеловиќ, Марјан Митевски, Драган Ковачев, Елизабета Мијалчева, Ванчо Насевски, Сашо Станковски, Тања Гацовска, Стојанче Зафиров, Горан Ефремов и Савчо Стојчовски.
За претседател на Советот на општина Пробиштип со мнозинство гласови беше избран Ранко Давитков.

Konstitutivna sednica 2013 (2) Konstitutivna sednica 2013 (4) Konstitutivna sednica 2013 (5) Konstitutivna sednica 2013 (6) Konstitutivna sednica 2013 (7) Konstitutivna sednica 2013 (8)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009