Според Програмата на Владата на Република Македонија за периодот 2014-2018 година, во областа информатичко општество предвидена е реализација на проектот “Компјутери за социјално ранливи групи”.
Владините институции, компаниите и граѓаните кои имаат застарени компјутери или компјутерска опрема која не ја користат, ќе можат да ја отстапат бесплатно на социјално ранливите категории.
Донираната компјутерска опрема, откако ќе се репарира, исчисти и ќе биде подготвена за употреба, Комисијата составена од претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација и ИКТ комората при ССК, опремата ќе има ја достави на социјално ранливите граѓаните по приоритет на доставено барање. Додека пак, донираната компјутерска опрема која е дотраена и не може да се репарира, ќе биде рециклирана кај компании специјализирани за тоа. Ваков пристап значи и дополнителна придобивка во насока на заштита на животната средина.
За реализација на овој проект, Министерството за труд и социјална политика изработи посебна веб страница каде можат да се реализираат активностите предвидени со овој проект, односно donacii.mioa.gov.mk, каде се пополнуваат посебни веб формулари. Исто така, отворена е посебна адреса на електронската пошта ( doniraj@mioa.gov.mk), каде заинтересираните може да се пријават за донација или да поднесат барање за компјутерска опрема.
Со овој значаен проект ќе се зголеми општествената одговорност и ќе се даде голем придонес во развојот на информатичкото општество.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009