КМФ „Кочани“ беше поразен во осмото, односно второто коло од пролетната полусезона на гостувањето во Пробиштип од екипата на „Фифи“.

Со тоа пробиштипскиот второлигаш се реваншираше за поразот во воведното коло од сезоната во Кочани.

6:2 беше конечниот резултат, а вината за поразот ја имаа гостите кои направија бројни технички грешки, што пробиштипјани знаеја добро да ги искористат.

КМФ „Кочани“ влезе деконцентрирано во натпреварот и за кусо време имаше негатива од 0:3.

Сакајќи брзо да фати резултатски приклучок влезе во серија грешки што му овозможи на „Фифи“ да го активира најмоќното оружје во футсалот, брзата контра.

Извор: Канал 8


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009