probasket-panteri

И покрај големата подршка од публиката, домашната екипа не успеа да и се спротистави на доминантната екипа од Куманово. Во тврд и неизвесен натпревар, домаќинот, екипата на КК „Пробаскет“ го доживеа првиот пораз по три победи по ред од натпреварувањето во третата македонска сениорска лига. Натпреварот беше неизвесен се до третата четвртина во која екипата на гостите стекна предност како резултат на поголемиот фонд на квалитетни играчи и остана непоразена екипа во првенството.
И покрај малиот број на поени, што е резултат на израмнетата игра и цврста одбрана на екипите, во домашниот состав се истакнаа играчите: Даниел Петковски, Александар Станојковски, Петар Лепитков и Стефан Строимановски.

Следниот натпревар екипата на КК „Пробаскет“ ја игра во Радовиш. Прашан за овој натпревар тренерот на екипата на „Пробаскет“, Ванчо Лепитков, се произнесе дека и таму натпреварот ќе биде тежок, но со оглед на покажаните игри во последните 4 натпревари очекуваме победа со што ќе ги задржиме шансите за подобар пласман во оваа натпреварувачка сезона.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009