Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски во придружба на извонредната ТК Вондер (TK Wonder) и со дел од својата музичка екипа денес  ги  посети уметниците, учесници на 22-та Лесновската ликовна колонија. Дваесетината уметници од Бугарија, Хрватска, Србија и Македонија кои веќе четврт ден сликаат и творат во прекрасните убавини во с.Лесново беа почестени со посетата на оваа наша позната музичка ѕвезда со која имаа можност да се запознаат и да ги претстават изработените уметнички дела. Како гост на уметниците денеска исто така им беше и нашиот познат и истакнат академски уметник  Трајче Блажевски, кој остана цел ден со нив дружејки се, но и ја пренесе оваа позитивна атмосфера на платно изработувајќи едно свое дело. И оваа година ликовните дела на уметниците изобилуваат со мотиви од локалитетот Лесново, Лесновскиот манастир, познатите лесновски карпи, локациите на обработени и извадени воденички камења како и недопрената природа. Нивното дружење и творење продолжува се до петок, кога завршува овогодинешната Лесновска ликовна колонија, од која се очекуваат многу вредни уметнички дела кои ќе ги остават уметниците како резултат на уште една успешна ликовна колонија.

kiril-llk2

(Photo: Darko Stojkovski)

Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009