Во месец Март 2014 година ќе започне реконструкцијата на главната улица во Пробиштип, Јаким Стојковски. Реконструкцијата ќе опфати поставување на нов асфалтен слој, поставување на нови тротоари и нови енергетски ефикасни светилки. Улицата ќе се реконструира во должина од 1220m. Локалната самоуправа изработи физибилити студија врз основа на која аплицираше за заем до Светска Банка од чија старана апликацијата беше прифатена. Вкупната инвестиција изнесува околу 29 милиони денари. Во периодот кој следи ќе се завршуваат формалностите околу потпишување на договорите и подготовка на тендерската постапка.

Со реализиција на овој капитален проект општината и граѓаните ќе имаат огромни продобивки, како во делот на квалитетна сообраќајна инфраструктура така и во делот на безбедноста на пешаците и возилата затоа што Јаким Стојковски е улица со најголема должина која минува во централносто градско подрачје и е главна сообраќајна раскрсница во градот.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009