На средбата успешно ја презентираше својата програма за работа и вети подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.
Тоневски кажа дека ќе продолжи со поддршка и помош во зајакнувањето на земјоделците, за производството на здрав и стандардизиран земјоделски производ, со цел да ги поттикне младите луѓе да се вратат или да останат да работат во Пробиштип.