Министерството за здравство поради високите летни  температури започна со кампањата бесплатни лекарски прегледи со која на сите граѓани од општина Пробиштип им се дава можност за мерење на крвен притисок и  стручни совети за заштита од топлотните бранови, независно од нивниот статус на осигурување. Кампањата ќе се спроведува од 26 јули секој ден во период од 19-21 часот на Градскиот плоштад преку Здравствен дом „Нада Михајлова“Пробиштип, а во соработка со Градоначалникот на општината Тони Тоневски.

 


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009