327219_2221031564548_1117153292_o

Во редовното коло од треттата македонска кошаркарска лига екипата на К.К.ПроБаскет викендов гостуваше во Радовиш на екипата К.К.Радовиш. Иако кошаркарите од К.К.ПроБаскет отпатуваа со само седуммина играчи сепак беа пресилни за домаќинот. Уште од самиот почеток на натпреварот екипата на К.К.ПроБаскет ја диктираше својата игра и го надигруваше противникот на секој план, за тоа говорат и високите 37 поени разлика кој ги оствари екипата на К.К.ПроБаскет во оваа значајна победа. Сите седуммина играчи покажаа одлична подготвеност и игра на теренот особено во одбраната со која во втората четвртина примија само 4 поени, а го наполнија противничкиот обрач со 26 поени во таа втора четвртина. Неприкосновената центарска линија на К.К.Пробаскет составена од инзвонредниот Стефан Строимановски и феноменалниот Александар Станојковски одиграа одличен дефанзивен натпревар со поделени 7 блокади и доминантна игра под обрачите на двата краја од теренот. Најдобар поединец на натпреварот беше ненадминливиот Петар Лепитков со постигнати 25 поени 6 украдени топки и 7 скокови, исто така се истакнаа и Даниел Петковски со 18 поени, браќата Стоилковски со вкупно постигнати 24 поени и инспиритивната игра на капитенот Давор Тоневски со постигнати 13 поени.

Следниот натпревар екипата на К.К.ПроБаскет го игра за две недели на гостински терен против екипата на К.К.Крива Паланка која оваа година се стреми да премине во повисок ранг на натпреварување и за таа цел се засилија со 3 нови играчи од Куманово, но кошаркарите од К.К.ПроБаскет се уверени дека иако ова нема да биде воопшто лесен натпревар сепак К.К.ПроБаскет ќе издвојува уште една победа на гостински терен.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009