Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП ХС “Злетовица“ Пробиштип од една страна и Европската инвестициона банка (ЕИБ) од друга страна склучија Договор за техничка подршка на проектот Злетовица за производство на електрична енергија и наводнување за изработка на техничка документација за Фаза II-наводнување и Фаза III-енергетика.
Консултантот SWECO AQUA HYDRO е во фаза на подготовка на Студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина, за Фаза II- наводнување.
Согласно проектните активности, за истатa студија ќе има јавна презентација на заклучоците и предлозите од страна на експертскиот тим кој е вклучен во изработката на Студијата за оценка на влијанието на проектот врз животната средина, за системот за наводнување за површините опфатени со Горна и Долна зона во општина Пробиштип.

Јавната презентација ќе се одржи на ден 05.11.2014 година (Среда) во 12.00 часот, во Салата за седници на Советот на Општината, во Домот на културата Пробиштип.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009