„Македонија економски силна и развиена, членка на Европската унија и НАТО, отворена кон светот, напредна земјоделска земја, Македонија во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование.“

На митинг на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, што се одржа вечерва во Пробиштип, Иванов побара поддршка за втор претседателски мандат, истакнувајќи дека со гласовите од граѓаните се спроведуваат реформите со кои се приближува Македонија кон Европа и со кои се гради Европа во Македонија.

– Создаваме економски силна и развиена држава во која доаѓаат нови инвестиции, се градат нови фабрики и се отвораат нови работни места. Со вашиот глас, ја отвораме Македонија кон Европа и светот, ја вклучуваме Македонија во европските и светски патни и енергетски коридори. Со вашиот глас го негуваме македонскиот модел на соживот и почитување на различноста што го наследивме од предците, што ни го оставиле во завет за нашите потомци, да се живее сложно и заедно. Затоа што сите сме Македонија, подвлече Иванов.

ivanov-2

Иванов повтори дека не прифаќа промена на Уставот со цел да се промени уставното име Република Македонија.

– Не прифаќам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, и македонскиот модел на соживот. Народот го има и првиот и последниот збор за ова прашање, нагласи Иванов.

Програмата со која бара доверба од граѓаните произлегува од нивните потреби и барања. Доколку повторно ја добие довербата, Иванов истакна дека ќе се залага за Македонија економски силна и развиена, членка на Европската унија и НАТО, отворена кон светот, напредна земјоделска земја, Македонија во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство, во која се негува вековната традиција на соживот, на прифаќање и на почитување на различноста.

ivanov-3

– Ете таква Македонија ќе градиме бидејќи знаеме каде одиме и што сакаме. На дело покажуваме дека во оваа земја може да се живее добар живот. Заедно со вас, со вашиот глас да ја водиме Македонија во просперитетна иднина. Заедно со вас, ја вклучуваме Македонија во глобалниот натпревар меѓу земјите за тоа кој ќе донесе повеќе странски инвестиции и подобро ќе ја отвори својата економија кон светот, рече Иванов.

Тој нагласи дека во недела, на 27 април, граѓаните ја имаат моќта да ја определат иднината на Македонија. Од вашиот глас, посочи, зависи каква Македонија ќе имаме.

– Вашиот глас очекуваме да го дадете за тие што придонесуваат за подобра и попросперитетна, успешна и економски развиена Македонија. Со вашиот глас очекуваме голема победа, порача Иванов.

ivanov-4 ivanov-5 ivanov-6


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009