Оваа година по 6ти пат во организација на фондацијата ’’Тоше Проески’’ ќе се одржи ултрамаратонот во чест на Тоше Проески долг 1100 км , од Нова Градишка(Хрватска) до родниот град на Тоше – Крушево.

Иван Пешовски ќе биде дел од овој ултрамаратон, заедно со уште 15 други маратонци. Тие на 11ти Октомври од Скопје ќе се упатат за Нова Градишка од каде што на 13ти Октомври во 6 часот и 20 минути ќе тргнат да ја трчаат последната маршута на Тоше до дома.

Нивното пристигнување на плоштадот во Скопје ќе биде на 15ти Октомври, од каде што ќе се упатат кон Крушево.

Му посакуваме среќа на Иван.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009