prva pomos

Со возилата на Итната медицинска помош од Пробиштип само во втората половина од 2012 година транспортирани околу 1000 пациенти, од кои 180 интни случаи
Со 2230 услуги, реализирани во втората половина од ланската 2012 година, Итната медицинска помош ово Пробиштип е една од најпосетуваните служби во Јавната установа Здравствен дом ,,Нада Михајлова,, во Пробиштип.– Покрај повиците за итна помош, службата работи и на домашни посети како и за време на викендите, ноќните смени и празничните денови. Што се однесува до повиците на дежурниот телефон 194, на итната, односно Брзата помош, се користи постојано, во секој период од денот. За последните 6 месеци се регистрирани околу 300 јавувања, изјави доктор Јагода Ристеска, директор на ЈЗУ Здравствен дом ,,Нада Михајлова,, во Пробиштип.
Ваквите бројки најдобро покажуваат за оправданоста од формирањето на оваа служба, која постои од септември 2010 година.
Пациентите од подрачјето на општина Пробиштип со пофални зборови и за обновениот возен парк на оваа здравствена установа, која кон крајот на 2012 година, кога со донација на Владата на Република Македонија, преку Министерството за здравство и на пробиштипскиот здравствен дом беше доделено ново амбулантско возило наменето за службата за Итна помош. Покрај донираното возило од Владата, Итната помош во Пробиштип, располага и со уште 4 други исто така нови возила, од кои 3 се набавени со сопствени средства а едно е донација од владата на Јапонија.
Службата за Итна помош е екипирана со 5 – мина доктори и 5 медицински сестри, како и со возачи за опслужување на возилата за транспорт на пациентите.

Трајче Строимановски


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009